Двајца скопјани се осомничени дека со пиштол пукале во автомобил среде Скопје, информира МВР.
Станува збор за Б.Л.(22) од Скопје и И.Н. од село Грчец против кои се поднесени кривични пријави за предизвикување општа опасност.
Според полицијата, инцидентот се случил на 11.05.2018 година околу 22.45 часот на крстосницата од улиците Московска и Софиска во Карпош. Тогаш Б.Л. од возачкото место на автомобил „ауди А6”, во кој И.Н. бил совозач , со пиштол испукал четири куршуми кон автомобил „мерцедес C-500”.
Во пукањето нема повредени .