Навиките за спиење се поврзани со ризикот од рак на дојка

Најново истражување покажа дека има тесна поврзаност меѓу навиките за спиење, односно кога легнувате и се будите, со ризикот од заболување од рак на дојка.

 

Жените кои се ранобудни имаат два пати помал ризик од заболување од рак на дојка за разлика од „ноќните птици“ кои се активни во доцните часови и си легнуваат подоцна.

 

 

Ова го покажаа резултатите од истражувањето во кое учествуваа 100 жени.

Утринскиот тип на жени имаат дури 48 отсто помала шанса да добијат рак на дојка во споредба со жените кои се активни доцна навечер.

Клучот е сепак во тоа колку време спиете и колку ви е квалитетен сонот.

Жените кои порано си легнуваат и стануваат, спијат онолку време колку што е препорачано за идеално функционирање на организмот, а тоа е од 7 до 8 часа здрав, непрекинат ноќен сон.

Ова истражување само потврдува дека современиот начин на живеење и пореметувањето на природниот циклус на сонот влијае врз појавувањето на многу болести.

Се смета дека недостатокот на сон, поради што не се произведува доволно мелатонин во организмот, предизвикува создавање на малигни клетки.

Треба да знаете
Последни објави