Кошаркарите на „Феникс Санс“ го забележаа и осмиот пораз сезонава, откако на домашен терен загубија со 84:102 од „Бруклин Нетс“. Тимот од Аризона предводен од српскиот тренер Игор Кокошков очигледно има големи проблеми, а првиот пик на драфтот, Деандре Ајтон се уште не покажува тоа што од него се очекува. Тој постигна 15 коша и додаде 13 скока, а најефикасен кај домаќините беше Девин Букер со 20 поени и осум скока. Гостите до петтата победа дојдоа со добрата игра на Карис Леверт кој уфрли 26 коша со пет скока.
Во Далас „Маверикс“ беа подобри од „Вашингтон Визардс“ со 119:100, а дебитантот од Совенија, Лука Дончиќ пак беше најзаслужниот за новата победа на домаќините. Дончиќ уфрли 23 поени, а додаде и девет скока и шест асистенциишест скока и три асистенции.На спротивната страна најефикасен беше Џон Вол со 24 поени.
На останатите два натпревари од ноќешната програма, „Портланд“ славеше дома против „Милвоки“ со 118:103. Најефикасен во победничкиот тим беше Џејџеј Меккалум со 40 поени, пет скока и шест асистенции. Кај гостите лидерот на „Бакси“, Јанис Антетокумпо беше блиску до третиот трипл-дабл ефект сезонава, но остана на 23 поени, девет скока и шест асистенции. „Шарлот Хорнетс“ славеше против „Атланта Хокс“ со 113:102.