Хан по средбата со Мицкоски: Бев кристално јасен дека договорот од Преспа мора да се финализира
Корисен разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Бев кристално јасен дека ратификацијата на договорот од Преспа мора да се финализира бргу и без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не го опструира процесот во Собранието. На евроинтеграциите им е потребна лојална опозиција, напиша еврокомесарот Јоханес Хан на „Твитер“ по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на маргините на самитот на европските народни партии во Хелсинки.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека на средбата Мицкоски нагласил дека стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е членство на Република Македонија во Европската Унија и дека во таа насока партијата ќе продолжи да дава значителен придонес.
Useful talk w @VMRO_DPMNE leader @MickoskiHM @EPP #EPPHelsinki. I was crystal-clear that ratification of #Prespa Agreement must now b finalized fast, without any obstacle. I welcome his commitment not to obstruct procedure in Parliament. #EU integration needs a loyal opposition! pic.twitter.com/ypVJuup98r
— Johannes Hahn (@JHahnEU) November 7, 2018