Познатата пејачка Ники Минаж се соочува со проблем поради се’ поголемата незаинтересираност на публиката за нејзините концерти ширум САД.
Иако нејзината турнеја започнува за три месеци, на пејачката ѝ било соопштено дека нема голем интерес за нејзините концерти бидејќи продажбата на билети се одвивала многу лошо. Неименувани извори тврдат дека главната причина за ваквата состојба е недоличното однесување на пејачката во последните неколку месеци.
Истиот извор наведува дека публиката е разочарана од бројните скандали на Минаж поради кои е се’ почеста тема во таблоидите.
“Нејзиниот конфликт со Карди Би сврте голем број луѓе против неа и тоа влијаело на продажбата на картите. Илјадници карти останале непродадени и тоа не е воопшто добро особено бидејќи Ники откажа некои претходни датуми на настапи ширум САД за да го доврши својот албум”, изјави истиот извор.
Минаж неодамна физички се пресмета со Карди Би во еден ноќен клуб, а настанот по се’ изгледа би можел да добие судски епилог. Пејачката очигледно не се грижи поради фактот што стана главна ѕвезда во американските таблоиди, а неодамна беше снимена како ужива со првакот во Формула 1, Луис Хамилтон, кој исто така е склон кон честите испади во јавноста.