Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за последните два натпревари од групата во Лига на нации.
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Дејан Илиев.
Одбрана: Ѓоко Зајков, Кире Ристевски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Мите Цикарски и Кристијан Тошевски.
Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Бобан Николов, Езџан Алиоски, Ферхан Хасани, Елиф Елмас и Стефан Спировски.
Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски Крсте Велковски.
Репрезентацијата на Македонија се наоѓа на првото место во Групата 4 од Лигата Д, каде по четири одиграни натпревари успеа да забележи три победи и има 9 бода. Второто место го делат репрезентациите на Гибралтар и Ерменија со по 6 бода, додека Лихтенштајн е на последното место со само 3 бода.