Француски ветеринар дошол до заклучокот дека предењето на мачките има лековито дејство затоа што смирува и ве ослободува од стрес, вознемиреност и несоница. Звукот на предењето влијае врз човекот како нежна музика која ги опушта нервите и поттикнува добро расположение.
Галењето со мачката исто така има терапевтско дејство: смирува, опушта и развеселува, а можно е и намалување на емоционалната неисполнетост, особено кај луѓе кои се осамени.
Членовите на семејството кое има мачка се поповрзани и полесно ги решаваат конфликтите.
По низа на истражувања, научниците откриле дека има разлика во предењето на мачката кога ужива и во моментите кога предупредува на некаква болест.
Според зборовите на светските ортопеди, фреквенција од 25 -200 Hz, која ја произведува мачката додека преде е најдобра за зацврстување на коските.
Според последните истражувања на кардиолозите, сопствените на мачки имаат 40% помал ризик од срцеви удари.
Експертите велат дека силната вибрација која ја произведуваат мачките влијае на забрзување на циркулацијата, а тоа допринесува кон намалување на отоците и елиминација на инфекциите од организмот.
Забележно е и дека заздравувањето по болничкото лечење е многу побрзо со присуство на мачка во куќата и дека животните позитивно влијаат на имунитетот.
Сета делотворност на мачките пред сѐ лежи во позитивните чувства кои ги поттикнуваат кај своите сопственици, затоа што убавите мисли значат и убав живот.