Нов пораз на „Металург“ во СЕХА, „Стеауа“ славеше во Скопје

Ракометарите на „Металург“ по двете победи над „Татран Прешов“ и „Чеховски Медведи“ загуби на домашен терен во СЕХА лигата од „Стеауа“ со 28:29.

Шампионот на Романија во Скопје стигна со само 8 ракометари и двајцата голмани, но тоа не ги спречи да слават во натпреварот. „Металург“, пак, со мислите очигледно беше на утрешната средба со екипата на „Спортинг“ во Лигата на шампионите и одигра со желба да заштеди сили за таа средба, која ќе биде трета во само четири дена.

Сепак, во крајно израмнет натпревар, во кој ниту една екипа немаше поголемо водство со два гола разлика, гостите на крајот имаа повеќе среќа.

Во тимот на „Металург“ најдобар поединец беше Шпенде со 6 гола, а Шилегов и Танковски постигнаа по 4 гола. Кај романскиот тим најефикасен беше Флореа со 6 гола, а голманот Стенеску имаше 19 одбрани.

Во следното коло во СЕХА Металург гостува кај Војводина.

 

 

Треба да знаете
Последни објави