Холивудскиот актер Овен Вилсон наводно не сака да ја види штотуку родената ќерка. Тој побарал ДНК анализа за да се докаже дали е татко на женското бебе што го роди неговата поранешна девојка пред три недели.
Вилсон (49) и Варуни Вонгсивиратес беа заедно, со прекини, околу пет години. Тој побара ДНК тест уште кога таа во јуни таа објави дека е бремена со негово дете, а сега наводно уште го нема видено бебето Лајла, иако поминаа три недели откако е родено.
Тој наводно одбил и да го дели старателството над детето без тест за татковство. Неговиот портпарол изјави дека ова е „приватна работа“ на актерот и дека нема да ја коментира веста.
Во јануари, 2011 година Вилсон го доби првиот син Роберт Форд Вилсон со тогашната девојка Џејд Дуел, со која раскина истата година.
Во јануари, 2014 година го доби синот Фин Линдквист Вилсон, со Керолајн Линдквист.