Безбедносните сили на Таџикистан убија најмалку 13 затвореници во затвор во кој избувнал бунт.
Повикувајќи се на три неименувани извори на безбедносните сили, агенцијата „Ројтерс“ објави дека бунтот избил синоќа во затвор во Хуџанд, втор по големина град во Таџикистан.
Локалните власти потврдија дека избувнале немири во затворот, но не соопштија повеќе детали.