Ова слатко е неверојатно.
Потребни состојки:
1100 гр. лимон
1.5 кг шеќер
2 лажици винска киселина
2 л вода
Начин на подготовка:
Изрендајте ја кората од лимон. Прободете ги лимоните на неколку места со дебела игла. Ставете ги да се варат во 3 води, а самото готвење треба да трае околу 4 минути.
Направете умерено густ шеќерен сируп од вода и шеќер. Исечете го оладеното овошје на парчиња и ставете го во сирупот со изренданата кора. Слаткото ставете го да се вари додека лимонот не омекне, а сирупот згусне.
На крајот додадете ја винската киселина во топла вода и гответе уште 2-3 минути.
Така подготвеното слатко префлете го во чист сад и оставете го да отстои околу 5-6 часа. Ставете во стерилизирани тегли и чувајте го на темно место.