Во околината на Велес и Лозово склучени се триесетина бракови од кои веќе се изродени и по неколку деца- велат во општината Лозово од каде до пред извесно време на сите ергени кои биле над 45 години им биле давани и субвенции за свадбените веселби во вино и ракија
Валентина Ангеловска
„Увезените“ невести од Албанија и мала Песпа по инвазијата во битолските села и околината на Преспа, стигнаа и до Велес и околината. Битолските стројници велат дека кај нив веќе нема интерес од страна на ергените бидејќи голем дел од младите се иселени, а оние кои останале во селата веќе се женети. Извори на „24 инфо“ велат дека во велешките села и околината на Лозово склучени се веќе триесетина бракови од кои се изродени и деца. Во општината немаат точна бројка колку бракови се склучени во изминатиов период и колку деца се родени со албанксите невести и упатуваат во матичните служби. Но потврдуваат дека интересот од ергените од голем.
Субвенции за свадба
Во општината Лозово велат дека во нивната околина има многу неженети момци кои се женат за девојки од Мала Преспа.
-До пред извесно време се субвенционираа и свадбите посебно на тие кои беа над 45 години. Пари не добиваа, но пијалоци за свадбената веселба не недостигаа- велат од таму.
Недостигот од невести е голем проблем во источна Македонија. Скоро во секое село има по 30-тина ергени. Последниве неколку години бројката се намалува, но сепак има над десетина од поживите села кои барале жена.
– Нови жители во општините Делчево, Кочани, Пробиштип се почесто се невести од Албанија. Веќе има и деца од овие бракови. Најголем дел од нив не го зборуваат македонскиот јазик пред склушувањето на бракот, но за шест до осум месеци го учат јазикот- вели Пеце од Преспа кој бил еден од првите стројници кои ги спојувал македонските момци со албанските невести.
Се почна од преспанските села
Трендот за носење на невсети од Албанија не е нешто ново за нашите ергени. Почна пред десетина години во околината на Преспа и тогаш се склучија околу педесетина бракови во нивните села. За кратко веста дека девојки од нашето соседство се мажат за нашите момци по селата се прошири и во битолско.
–Но и овде се засити пазарот- вели нашиот соговорник. Но тој што има мака бара да ја реши. Така беше и со едно момче од велешкото село Подлес. Негов роднина од Преспа се оженил со девојка од Албанија и добро му одело. Тој ме најде мене- вели соговорникот. Првиот пат се стројникот се среќава со неженетото момче кое пак кажува каков тип на девојка би сакал за жена. Стројникот оди на пат, а ергенот е должен да ги плати сите патни трошоци. По враќањето од таму му носи фотографии и вториот пат одат заедно на „бендисување“.
– Ако нвестата го прифати бракот може уште веднаш да се направи веридба. Ако не одиме понатаму. Ако се договорат за свадба се друго е исто како и кај нас- вели Пеце.
Тарифата за невестата е различна во зависност од тоа колку е млада, убава, вредна. Се движи од 500 евра нагоре.
–Не велам дека а сите се плаќа. Имало и случаи јас да ги запознам, да не се бендисаат во прво време, а после да се земат. Тогаш нема провизија. Имало и случаи кога млади девојки од 20 години се мажеле за момци двојно постари а добри пари- вели соговрникот.
Неговата мисија вели е исполнета кога ќе ги види во среќен брак. Од оние кои ги склучил, а ги имало во голем број бил на сите свадби. Подароци не носи, но затоа е кум на десетина деца родени од нив.