Популарните “Спајсици” по шест години повторно ќе се соберат поради турнеја.
“Spice Girls” наводно закажале и седми концерт на турнејата, за да им се приклучи и Викторија Бекам. Откако “Spice Girls” неодамна и официјално ги објавиле датумите на концертите на турнејата низ Велика Британија, која стартува во јуни 2019. година, поради која се собираат повторно по шест години, Викторија Бекам им ја посакала сета среќа, но и кажала дека нема да учествува на истата поради обврските кои ги има околу модната линија.
Било предвидено турнејата да опфати шест концерти, меѓутоа, наводно бил закажан и седми, за Викторија да може да им се приклучи на девојките на сцена барем на еден настап.
“Ќе ни се приклучи на 14. јули”, рекла Мелани, која истакнува дека без Викторија тоа не би било тоа.
Од друга страна, од ПР тимот на Викторија рекле дека таа останува при својот став и дека нема намера повторно да настапи со девојките.
Потсетуваме, “Spice Girls” последен пат биле на собир во 2012. година на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Лондон.