Вознемирувачко видео: Русинка ги помеша гасот и кочницата и покоси тројца тинејџери
Една Русника по грешка притисна гас наместо кочница и така покоси тројца ученици во рускиот град Брониц, а за среќа децата преживеаја.
Сведоците велат дека жената по излегувањето од возилото рекла: „Извинете момчиња!“ Меѓутоа кога видела колкава штета и се направила на автомобилот, почнала да вика/
„О не, мојот автомобил е уништен“, рекла таа.
Момчињата се префрлени во болница, а еден од нив е задржан поради потрес на мозокот.