Обвинетите за смртта на Никола Саздовски не се чувсствуваат виновни за делото за кое се тварат.
Одбраната тврди дека немало умисла да се лиши од живот починатиот туку дека е насилство со смртна последица. Според адвокатите на обвинетите немало убиство на свиреп начин бидејќи убиениот бил во бессознание.
Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.
Младото момче неколку дена беше во кома во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите.