Кристијано Роналдо повторно не е вклучен во репрезентацијата на Португалија, и покрај гласините дека ќе се врати во тимот. Шпанија ќе се сретне со Италија во Лигата на нациите, а на „скуадра“ ѝ треба задолжителна победа.
Португалскиот селектор Фернандо Сантос ги објави своите избраници, но името на Роналдо не се наоѓа меѓу нив. Од друга страна, тимскиот колега на Кристијано во Јувентус Жоао Кансело се најде меѓу повиканите.
Португалија ќе игра во следниот состав – голмани: Руи Патрицио, Бето, Клаудио Рамос; одбрана: Седрик Соарес, Жоао Кансело, Жозе Фонте, Луис Нето, Пепе, Рубен Диаш, Марио Руи, Рафаел Гереиро; среден ред: Андре Гомеш, Бруно Фернандеш, Данило Переира, Жоао Марио, Пици, Ренато Санчез, Рубен Невеш, Вилијам Карваљо; напад: Бернардо Силва, Брума, Гонзало Гуедеш, Рафа, Андре Силва, Едер.
Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед Антони Марсијал се врати во националниот тим на Франција за натпреварите со Холандија и Уругвај овој месец.
Дваесет и двегодишниот Марсијал не беше во составот на „петлите“ на Светското првенство во Русија во текот на летото, но силниот старт на сезоната и шесте гола во десетте натпревари како стартер за „црвените ѓаволи“ му обезбедија место меѓу избраниците на Дидие Дешамп.
Франција ѝ гостува на Холандија во Ротердам на 16 ноември во последниот натпревар од групата 1 на Лига „А“ на Лигата на нациите, а четири дена подоцна го пречекува Уругвај на „Стад де Франс“ во контролна средба.