Бебе започнало да плаче за време на авионски лет, а сите ја фалат стјуардесата за тоа што го направи

Стјуардеса од Филипините на една патничка одлучи да ѝ го подои гладното бебе кое плачеше за време на летот и добила бројни пофалби на социјалните мрежи за тоа што го направила.

Стјуардесата Патриша Органо на Фејсбук го опиша настанот од утринскиот лет на 6 ноември, а нејзината објава стана вирална.

Патриша напиша како слушнала бебешки плач кој ќе ве натера да помогнете и отишла до мајката и ја прашала дали е се во ред. Патничката потоа ѝ кажала дека останала без млечна формула.

“Почувствував како да ме стегна нешто околу срцето. Нема млечна формула во авионот”, пишува таа. И покрај планираната контрола тој ден, кај Патриша се појавил мајчинскиот инстинкт. Како поддржувач за јавното доење го понуди своето млеко за да го нахрани детето и да ја намали грижата на вознемирената мајка.

24 годишната стјуардеса и самохрана мајка на 9 месечна ќерка, го хранеше бебето толку долго сè додека не заспие, а загрижената мајка искрено ѝ се заблагодари.

“Бев во право. Овој лет беше посебен, толку посебен што успеав да се калификувам како рецезент, но и успеав да помогнам”, напиша таа.

Треба да знаете
Последни објави