Закани кон главниот сведок на судењето за убиството на Никола Саздвски кон малолетната В.Б. од страна на обвинетите. Сведокот кој во судницата беше во придружба на нејзината мајка ја покри главата со качулка од дуксер. Судот даде пауза за да реши дали ќе има сведочење пред јавноста.
Судењето за дваесетгодишниот Никола Саздовски почна утрово. Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.
Младото момче неколку дена беше во кома во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите.