Најмалку шест лица повредени при принудно слетување на авион во Гвајана

Најмалку шест лица се повредени утрово кога авион на „Флај Џамајка”, кој летал за Торонто, принудно слета во Гвајана.

Авионот, со 120 патници и осум членови на екипажот, принудно слета поради проблеми со хидрауличен систем.

Шесте патници се здобија со полесни повреди при слетувањето на меѓународниот аеродром Чеди Џаган.

Треба да знаете
Последни објави