Најостра осуда за нападот врз сестра од КАРИЛ од Здруженијата на медицински сестри

Унијата на ЗМСТАС предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗА НАС најостро ги осудува насилствата во здравството акцентирајќи го и последниот  немил настан на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

„Апсолутно е недозволиво една хумана професија каква што е сестринската да биде жртва на вакви насилства. Физичкиот напад над медицинската сестра, која била на своето работно место е атакт и на целата фела.

Зарем покрај сите голготи со кои се соочуваме изминативе години и со кои се обидуваме да се избориме за нашите права, сега сме во ситуација кога треба да се плашиме и за својот живот?!

Аларманта е состојбата во нашето здравство бидејќи безбедноста при работа е една од основните начела која треба да ја има секоја професија. Главното прашање е зошто ни се случува сето ова? Што е тоа што го пропуштаме и зошто вакви ситуации ни се случуваат само во јавните здравствени установи? Постои ли виновник за направениот пропуст и загрозениот живот на медицинската сестра?

Како и до сега, Унијата транспарентно, јавно и гласно ќе зборува за неправдите и работите кои мора да се променат. Осудувањето на овој чин од страна на Министерството за здравство е нивна морална обврска но, истотака и превземањето на соодветни мерки.

Во последните изјави на МЗ се вели дека во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе се вклучат дежурства на полицијата. Прашањето е зошто и до сега не беа истите вклучени, знаејќи дека ова не е прв ваков случај? Дали е ова единствениот начин и што е тоа што треба да го промениме внатре во здравствените институции како не би се случувале вакви инциденти и во иднина?

Од името на над 5000-то членство на Унијата апелираме до сите надлежни институции сериозно да ги прифатат нашите критики и да превземат соодветни мерки.” – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата.

Треба да знаете
Последни објави