Рибар се обидел да ја лажира својата смрт, откако бил обвинет за секусален напад

Рибарот од Алјаска, Рајан Меганак, за да го избегне одењето во затвор поради сексуален напад врз неподвижна жена, ја лажирал својата смрт, соопштија тамошните власти.

Оттаму додаваат дека сега сепак рибарот ќе мора да си ја отслужи казната од две и пол години затвор.

АП известува дека американското Федерално обвинителство објавило дека крајбрежната стража потрошила 384 261 долари во потрагата по 35-годишниот Меганак, откако неговата девојка, која знаела дека тој се обидува да лажира, пријавила во полицијата во Порт Гарем дека нејзиното момче исчезнало.

Треба да знаете
Последни објави