Во пожарите во Калифорнија најмалку петмина загинати

Најмалку пет лица загинаа во три брзширечки пожари кои избувнаа во петокот наутро во Калифорнија, од кои еден предизвика евакуација на 75.000 домови во близина на градот Таузенд Оукс , кој се уште се опоравува од неодамнешниот масакр во кантри барот.

Пожари има на север и југ од Калифорнија, а огнената стихија во близина на градот Парадајс во северниот дел се проширила на речиси 285 квадратни километри, пренесе агенцијата АП.

Вториот пожар, кој погодил област северозападно од Лос Анџелес, поради силните ветришта, се шири кон југ, односно кон океанот. Во ова подрачје беше наредена евакуација на целиот град Малибу, монденско летувалиште во близина на брегот.

Во три големи пожари, кои бргу се шират, уништени се неколку илјади објекти.

Се очекува ветриштата да загубат на сила во попладневните часови по локално време, што ќе им овозможи на пожарникарите да почнат со гасење на пожарите.

Треба да знаете
Последни објави