Нови 42 дрвја во паркот на Франкофонијата

Општинска организација СДСМ Центар обезбеди нови 42 садници за дополнување на зеленилото во општината, соопштуваат оттаму.

„Целта на иницијативата е да создадеме поубав и позелен центар, со подобри услови за живот за сите граѓани. Членови од општинската организација, заедно со СДММ Центар, денеска ги посадија новите дрвја во паркот на Франкофонијата. Акцијата беше организирана по повод 42 години постоење на Општина Центар, а кон неа се приклучи и градоначалникот Саша Богдановиќ“, се наведува во нивното соопштение.

Од ОО СДСМ Центар во соопштението додаваат дека претседателот на ОО СДСМ Центар Горан Герасимовски, посочил дека оваа иницијативата прераснува во традиција. Отсега секоја година за роденденот на општината ќе се засадуваат нови дрвја на различни локации, изјавил Герасимовски.

Треба да знаете
Последни објави