Полицаец украл 200 евра од граѓанин на кого тебало да му ги уплати за регистрација на автомобил, информираше МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против полицискиот службеник С.Ф.(31) од Скопје, референт за моторни возила во станица за технички преглед во населба Пинтија во Скопје. Тој се товари за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Полицаецот во мај 2016 година од граѓанин на рака примил 12.808 денари за регистрација на увезено патничко возило „фолксваген голф”. Од вкупната сума, тој требало да уплати 7.272 денари за осигурителна полиса и 5.536 денари за зелена карта. И покрај тоа што биле подготвени сите документи, тој не ги уплатил сумите, туку целиот износ го задржал за себе.