Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во врска со одлуката на Кривичниот совет, кој вчера ја потврди затворската казна за експремиерот, Никола Груевски, го повтори партискиот став дека се работи за полтички прогон и хајка против поранешниот функционер.
„Република Македонија живее со најголемиот политички мотивиран процес, воден од партиското Кацарска судството со единствена цел: задоволување на единствениот аболициран и помилуван криминалец поставен за премиер во Европа Зоран Заев. Ова што го сведочиме е вистинското лице на газењето на правдата, на судството, на демократијата, на вредностите, ова е вистинската одлика за црвенокмерското владение во Република Македонија. Ова е реалноста на зборовите „кажете им беше Заев, апсениот Заев, има живи луѓе да јадеме“. Прогонот за Никола Груевски, е прогон мотивиран единствено од политички ниски страсти за омаловажување на ВМРО-ДПМНЕ чиј што почесен претседател е Груевски. Ова истовремено е порака против сите политички неистомисленици, кои со ваков потфат треба да бидат замолкнати и да се откажат од борбата против оваа однародена, капитулантска власт“, рече Стоилковски.
Додаде дека судството работи под диктат на Заев, без докази и аргументи и исклучиво преку политички нарачки.
„Заев и Кацарска, и обвинителот сокриен во пупката на Заев, треба да знаат дека ниеден процес нема да ја симне дамката од Заев, аболициран за криминал од милиони евра за Глобал, помилуван за милиони во поткуп како градоначалник, помилуван од Кацарска судството за ПУЧ. Дамката единствен македонски политичар кој прифати и потпиша капитулација и македонско обезличување и газење на националните интереси“, рече Стоилковски.