Судир на полицијата и сепаратистите во Барселона

Полицијата во Барселона денеска на кратко се судри со каталонските сепаратисти, кои протестираат против митингот кој  шпанските национални полициските сили го организиран во овој  главниот град на Каталонија, пренесува АП.

Се тврди дека каталонската регионална полиција употребила палки за да ги потисне сепаратистите кон центарот на Барселона, запирајќи го нивното напредување кон маршот на синдикатите на шпанските национални полициски сили кои бараат повисоки плати.

АП потсетува дека во септември годинава, за време на сличен протест на сепаратистите поради друг марш на истиот синдикат дошло до конфликт со регионалните безбедносни сили во кој 14 луѓе беа повредени, а шест уапсени.

Шпанија е во политичка криза од минатата година, кога сепаратистичките сили во Каталонија не успеаја да ја обезбедат својата независност.

 

Треба да знаете
Последни објави