Полиција уапсила повозрасен скопјанец кој продавал дрога на локални зависници, информираше МВР.
Станува збор за Р.Р.(54) против кого е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Според полицијата, на 08.11.2018 година по претходна судска наредба извршен бил претрес на домот на пријавениот и при претресот пронајдени биле 12 паковки хероин и кокаин. Осомниениот Р.Р. е приведен во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.