Кошаркарот на „Минеsота Тимбервулвс“, Џими Батлер (29) е пред преселба во „Филаделфија 76ерс“, јавуваат американските медиуми. Се чини дека сагата со еден од најдобрите НБА играчи – Џими Батлер, конечно е завршена. Дваесет и девет-годишниот бек шутер, кој може да игра и како лесно крило, ќе премине во тимот на Филаделфија Севентисиксерс, објавија различни влијателни извори, поврзани со НБА.
Тренерот и претседател на кошаркарските операции на „Минесота“, Том Тибодо до последен момент се обидуваше да го убеди незадоволниот Батлер да остане кај „шумските волци”, но на крајот се договориле за трејд со „Филаделфија“ , кој вклучува петмина играчи.
Батлер, кој е бек-шутер и центарот Џастин Патен се селат кај „Сиксерси“, а во Минесота одат Дарио Шариќ, Роберт Ковингтон и Џаред Бејлис. Покрај тоа, изборот на „Филаделфија“ во вториот круг на драфтот во 2022 година станува сопственост на „Минесота”.
Батлер побара да биде разменет уште пред почетокот на регуларната сезона во НБА. „Минесота“ беше во преговори со различни тимови, откако „Мајами Хит“ и „Хјустон Рокетс“ се сметаа за главните кандидати за ѕвездата, но до договор не дојде.
Со привлекувањето на 4-кратниот учесник во „Ол стар” натпреварот, од Филаделфија се надеваат дека ќе обликуваат „Големо трио”, откако бекот ќе се приклучи во тимот на младите ѕвезди Џоел Ембид и Бен Симонс.