Центарот на „Денвер Нагетс“, Никола Јокиќ по двата натпревари во кои шутна само четири пати ноќеска го наполни кошот на „Бруклин Нетс“, но тоа не беше доволно да го спаси од пораз неговиот тим. Гостите славеа со 110:112 и го изненедија фаворитот, кој сезонава има девет победи и само три порази. Србинот уфрли 37 кош, но додаде 21 кош со три асистенции. Тој при резултат 106:106 го блокираше шутот на Џерет Ален и иницираше контра по која домаќините поведоа, но „Нетси“ беа поуспешни во финишот. Кај гостите најдобар беше Дианџело Расел со 23 поени.
Уште една изонредна партија имаше Џоел Ембид во тесната победа на „Филаделфија 76серс“ против „Шарлот Хорнетс“ со 133:132, по едно продолжение .Тој најпрвин со седум поени во низа му обезбеди продолжение на својот тим, а потоа ја обезбеди победата со 42 поени, 18 скока, четири блокади и четири асистенции. На спротивната страна најрасположен за игра беше Кемба Вокер со 30 поени, девет асистенции и седум скока.
Резултати од останатите натпревари:
„Орландо Меџик“-„Вашингтон Визардс“ 117:108
„Атланта Хоукс“-„Детроит Пистонс“ 109:124
„Мајами Хит“-„Индијана Пејсерс“ 102:110
„Јута Џез“-„Бостон Селтикс“ 123:115
„Сакраменто Кингс“-„Минесота Тимбервулвс“ 121:110