Билетите за натпреварот „меѓу „Вардар“ и „Барселона“ беа веднаш распродадени, а атмосферата пред и во салата „Јане Сандански” е фантастична уште два часа пред почеток на мечот.
За првпат сезонава беа пуштени во продажба и билети за стоење, а од клубот се погрижија на навивачите да им биде забавно и пред натпреварот.
Победникот од овој дуел ќе се најде сам на врвот на табелата, а со реми и двете екипи би биле на првите две места.
„Вардар“ ја има најдобрата одбрана во моментов во Лигата на шампионите. „Црвено-црните” примија само 155 гола на шест средби. Имаат гол разлика од „плус 18″. Барселона од друга страна го има најдобриот напад и најдобрата гола разлика, од „плус 41″.
На дуелите во Скопје само еднаш победил „Вардар“, и тоа лани со 27:24, додека еден натпревар заврши со реми, 29:29. Најважниот триумф за „вардарци“, сепак, е во 2017 година на Ф4 турнирот кога во полуфиналето на ЛШ остварија триумф со 26:25.
Фото: Слободан Ѓуриќ