Макрон бара дополнителни безбедносни мерки против сајбер нападите

Француските и американските технолошки гиганти, вклучувајќи го и „Мајкрософт”, побараа од корпорациите и владите ширум светот да потпишат нова иницијатива за да обезбедат подобра заштита од сајбер напади, онлајн цензура и говор на омраза преку интернет.

Францускиот претседател, Емануел Макрон денеска го претстави „Парискиот повик за вистината и безбедноста во во сајбер просторот“, а со ова, според Ројтерс, Макрон се надева дека ќе ги врати напорите за регулирање на сајбер просторот по неуспехот во последниот круг преговори во Обединетите нации во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави