Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот
На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради злоупотреба на нејзиното малолетно дете. Според обвинителството, детето било злоупотребувано уште од раѓање, и тоа најтежок можен начин.
Де Круз денеска пред суд се најде случајно, само затоа што автомеханичар пред четири години открил дека двегодишно девојче живее во багажниот простор на автомобилот.
Круз криела дека ќерка ѝ воопшто постои скратувајќи и ги ја храната и водата поради што е обвинета за насилство над малолетно лице што предизвикува трајно оштетување.
Според неименуван извор од судот, на несовесната мајка ѝ се заканува затворска казна од 20 години, објави агенцијата АП.
Кога било пронајдено, детето било старо две години, прегладнето и со сериозни проблеми во развојот, објави „Франс инфо“.
Во извештајот се наведува дека мајката ги криела бременоста и породувањето од нејзиниот сопруг и трите други деца и дека го чувала бебето во подрум и во багажникот на автомобилот.
Детето, кое сега седум години, добива посебна грижа и внимание.