Од ноќеска на полноќ, цената на бензините ќе се намали за 4 и 4,5 денари, а на дизелот за 3 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за 4,5 денари за литар на 67 денари. Еуросупер БС-98 ќе поевтини за 4 денари на 69 денари за литар.
Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтини за 3 денари на 64,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 3,5 денари за литар и новата цена ќе изнесува 53 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,281 денари и новата цена ќе изнесува 35,133 денари за килограм.