Библиотека во Њујорк на своите членови им изнајмува и чанти и вратоврски

Од август, членовите на библиотеката во Њујорк, на Менхетн, покрај книги можат да изнајмуваат деловни рачни чанти и торби во неутрални бои, но исто така и монохроматски вратоврски или оние во риги.

Народните библиотеки веќе долго време им нудат на своите членови повеќе од книги, од дивидија преку цедиња до бесплатна употреба на компјутери, но од неодамна сите оние што се подготвуваат за интервју за работа можат да позајмат вратоврска и акт чанта во јавната библиотека во Њујорк.

Библиотекарката Мишел Ли дошла на оваа идеја затоа што неколку пати слушнала од младите членови на библиотеката дека немаат соодветни модни додатоци за да одат на интервју за работа.

„Се надевам дека повеќе млади луѓе ќе дојдат кај нас за да ја искористат понудата и дека по еден од таквите разговори ќе можат да ја добијат работата што ја сакаат или првото стажирање”, изјави Ли за „Њујорк тајмс“.

Треба да знаете
Последни објави