Еден од најславните српски фудбалери во историјата, Немања Видиќ изјави, во пресрет на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, со кој освои пет титули во Премиер лигата, а еднаш се искачи и на тронот во Лигата на шампионите не криеше дека има намера во иднина да работи како тренер, при тоа не дозволувајќи си да го критикува Жозе Мурињо.
– Ако Мурињо по ова тргне да победува, јас како навивач нема да бидам лут доколку победиме на десет натпревари со ред – започна Видиќ, а потоа беше запрашан што мисли за Жозе Мурињо и неговиот стил на игра кој воопшто не е препознатлив за Манчестер Јунајтед.
– Да бидам искрен, во иднина сакам да бидам менаџер. Би сакал да учам некои работи. Да го критикувам Мурињо сега, а во иднина сакам да бидам тренер- тоа не би било чесно. Тој е човек кој освоил многу трофеи. Точно е, ова не е Манчестер кој сме навикнати да го гледаме, но ова е Манчестер на Мурињо. Кога доаѓаше требаше да се очекува ваков вид на фудбал – коментираше Видиќ.
Медиумите во Англија веднаш побрзаа да излезат со информација дека ваквиот мек став на Видиќ кон Мурињо, за разлика на пример од Сколс и Невил, би можел да значи враќање на Србинот во Манчестер Јунајтед како тренер во младинските категории.