Два нови гранични премина на поделениот Кипар

Неколку стотици кипарски Грци и Турци преминаа преку новиот граничен премин во југозападното село Дерјаниа. Со овој премин и уште еден нов на северозападниот дел од островот, бројот на гранични премини се искачи на девет, објави агенцијата АП.

Минатиот месец, претседателот на кипарските Грци, Никос Анастасијадес и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, го оредија понеделник како ден на официјално отворање на премините, со цел симболично да се даде поттик за стартување на преговорите за повторно обединување.

Шефицата на мисијата на ОН, Елизабет Спир, изјави дека граничните премини ќе помогнат да се зголеми довербата меѓу заедниците.

Неколку демонстранти на граничните премини го изразија своето незадоволство од нивното отворање.

Треба да знаете
Последни објави