Меј: Британија е отворена за поинаков однос со Русија

Една година откако ја обвини Москва за воена агресија и мешање во изборите, британската премиерка Тереза Меј е подготвена да порача дека Британија е „отворена за поинаков однос” со Русија, доколку таа земја тргне по „нов пат”.

Таа во годишното обраќање во лондонскиот финансиски центар се очекува да изјави дека се преземени акции во последната година, вклучувајќи и протерување на руски официјални лица поради труењето на Сергеј Скрипап, ја продлабочиле нејзината верба во „колективен одговор” на таквите закани, пренесуваат британски медиум, кои имаат увид во нејзиниот говор.

„Но, како што реков и пред една година, тоа не е однос кој го сакаме со Русија. Остануваме отворени за поинаков однос – оној во кој Русија ќе се откаже од своите напади, кои ги поткопуваат меѓународните договори и безбедноста, наведува Меј во своето обраќање“.

Таа, исто така, ќе изрази надеж дека Русија ќе го избере тој пат и „ако тоа го направи, ние ќе одговориме слично”.

Треба да знаете
Последни објави