Бројот на жртвите од пожарите во Калифорнија се зголеми на 31 лице, откако властите соопштија дека уште шест лица го загубија животот во катастрофалниот пожар во земајта.
Окружниот шериф, Кори Хони вчера изјави дека биле пронајдени посмртни останки и пет тела во неколку куќи и едно возило во Парадајс, со што бројот на жртвите во тој град се зголеми на 29 лица, пишува АП.
Тој додаде дека од избувнувањето на пожарот во четвртокот па се до денес властите трагаат по уште 228 луѓе.
Агенциите претходно објавија дека околу 250 000 луѓе добиле наредба за евакуација со цел да го избегнат пожарот. Исто така беше објавено дека семејства очајно бараат повеќе од 100 луѓе кои исчезнаа во Парадајс град во северниот дел на Калифорнија, кој е целосно опустошен од оган за само неколку дена.
Уништени се голем број домови, а пожарникарите се обидуваат да стават крај на огенената стихија. Метеоролозите предупредуваат дека лошите временски услови може да продолжат и следната недела, но противпожарните бригади се надеваат дека ќе можат да го запрат пожарот.