Обесената манекенка пред три дена снимила реклама со Роналдињо

Српската манекенка и телевизиска водителка, Марија Чурчиќ (25) која денеска беше пронајдена мртва во својот стан во Белград пред три дена снимила реклама со легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо, пишува „Блиц“.
Според неофицијалните информации на „Блиц”, Чуричиќ бил пронајдена обесен во својот стан во населбтаа Савски Венец. Таа се качила на столче и со ремен се врзала за гелендерот од галеријата во станот па се обесила.

Марија не оставила проштално писмо, а нејзиниот чин е мистерија и за нејзините родители, кои рекле дека таа немала никакви проблеми.

Таа пред само три дена снимила реклама со фудбелерот, кој само поради тоа дошол во Белград, а поради тоа била многу среќна.

„Ги остварувам детските сништа“ напишала Марија на Инстаграм заедно со заедничката фотографија со Роналдињо. 

Таа студирала на Универзитетот Џон Несбит односи со јавност. Во светот на модата влегла со 16 години, од кога снимила бројни реклами и спотови, а исто така била и заштитно лице на некои белградски клубови. ТВ водителка стана 17 години.

Родена е во Белград, татко ѝ е познатиот српски музичар Ѓорѓе Ќурчиќ, член на бендот „Дел Арно“, а мајка ѝ е новинарката Ана Марија Алвес Ќурчиќ, која е од Конго.

 

 

Треба да знаете
Последни објави