Продолжува тренерската вртелешка во Џенова: Пандев наскоро добива нов тренер

Италијанска Џенова, каде настапува нашиот Горан Пандев е тимот кој „на секоја месечина“ менува тренери.

Чудната работа на раководството на клубот кој доста често ги менува тренерите не вродува баш со некој плод. Ако се верува на италијанските медиуми, од Џенова веќе му го стокмиле отказот на Иван Јуриќ кој на клупата помина само три натпревари откако го замени Давиде Балардини, кој пак интересно дојде на негово место пред околу 11 месеци.

Наводно, негов наследник ќе биде поранешниот прославен хрватски фудбалер, а сега тренер, Игор Тудор.

Тудор во кариерата како тренер ги има водено тимовите на Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај и Удинезе, па работата во Серија А нема да му биде непознаница.

Треба да знаете
Последни објави