Пронајдени 50 килограми марихуана на Ќафасан

Полицијата пронашла 50 килограми марихуана, вчера во близина на граничниот премин Ќафасан, информираше МВР.

Според полицијата,  околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на преминот, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања опојна дрога Марихуана, со вкупна тежина од 50 килограми. На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати а опојната дрога е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Се преземаат мерки за целосно документирање и расветлување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави