СДСМ: Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се остаток од режимот
Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се остаток од режимот и затоа го бранат криминалот на Груевски, никој не е над законите, правда мора да има има, реагираат од СДСМ на прес-конеференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој обвини дека правосудниот систем работи по системот Заев – живи луѓе ќе јадеме.
„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски се остаток на темното минато на режимот и затоа се посветени на одбрана на криминалот на Груевски. Колку и да не му се допаѓа тоа на антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Мицкоски, во Македонија конечно функционира правото и правната држава, судството е ослободено од политички притисоци и законите важат за сите подеднакво. Македонија денес е правна држава и секој за кој низ судска постапка се докажало дека го прекршил законот и за тоа постои и правосилна судска пресуда, мора да понесе одговорност. Правда мора да има“, велат од СДСМ.