Трите ќерки на Горан Бреговиќ со различна верска определба
Еден од најпознатите музичари во светот, Горан Бреговиќ, потекнува од Сараево, пееше „Југославијо, на ноге …“, живее во Париз, го сака Белград и секогаш му се враќа. Ако го гледа потеклото, по татко е Хрват, а по мајка Србин, неговата сопруга е муслиманка, а сите три ќерки имаат различна вероисповед. Според него и сопругата Џенана Бреговиќ – тоа е избор на нивните наследнички.
„Моите деца кога беа мали, во времето на Бајрам, беа муслимани бидејќи тогаш се добиваа подароци, а за време на Божик и Велигден, беа христијани затоа што и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната, која сега е во пубертет – е будист. Се разбира, тоа не ми пречи. Моите деца ќе бидат Французи иако сакаат да дојдат во нашите краеви и имаат пријатели тука. А за мојата сопруга и за мене е премногу доцна, ние секогаш ќе бидеме наши“, рече Бреговиќ пред неколку години во интервју за „Блиц“. Тој има три ќерки: Ема, Лула и Уна. Едната е муслиманка, другата будист, а третата од православна вероисповед.
„Треба да им овозможите на децата да имаат слобода на избор кога избираат, да бидат свесни што избираат. Им оставам слобода дали ќе бидат религиозни или не“, вели Бреговиќ.