ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на протестот најавен за в недела, изјави генералниот скеретар на партијата, Игор Јанушев.
„Нормално демократско право е на секој да излезе и да го искаже своето незадоволство, својот револт од оваа неспособна власт. ВМРО-ДПМНЕ не се јавува како организатор на протестот, меѓутоа нормално дека сè што е во насока на демократско изразување на волјата на граѓаните, особено во овој дел каде што ВМРО-ДПМНЕ пред се предничи и ја води оваа битка против промената на Уставот, нормално дека сме на истата страна“, одговори Јанушев на новинарско прашање дали партијата го поддржува најавениот протест од страна на повеќе граѓански здруженија.