12 дена јадела само банани – Еве што и се случило

12 дена јадела само банани – Еве што и се случило

Јулија Тарбат, нутриционист и мотивациски тренер, решава 12 дена да јаде само банани за да направи детоксикација на целиот организам.
Како што вели таа, бананите сами по себе се исклучително квалитетно овошје, многу се калорични и содржат фруктоза, сахароза и гликоза, како и влакна, а токму оваа комбинација помага да се чувствувате сити подолг временски период.
Најнапред таа забележала големо олеснување во стомакот и подобрено варење.
Експертите велат дека бананите ја зголемуваат концентрацијата.
Во овој експеримент се приклучува и нејзиниот сопруг Пол. Пол и Јулија се вегетаријанци и не им било тешко да ја применат оваа диета со банани.
Семејството има своја фарма во која одгледуваат еколошко овошје и зеленчук.
Пред промената на режимот на исхрана и преминот кон сурово вегетаријанство, Јулија имала проблеми со зголемено ниво на шеќер во крвта, имала и проблеми со варењето, кандида, страдала од депресија и хормонални дисбаланси, а долги години не била во можност да стане мајка. Откако ги направила сите овие радикални промени во исхраната, како што вели и самата таа, здравјето и значително е подобрено, родила и дете.
Иако суровата храна (овошје и зеленчук) има помалку соли и повеќе влакна, некои храни, ако се јадат сурови, можат да бидат и нездрави.
Карфиол, бриселско зелје и брокулите ја нарушуваат работата на тироидната жлезда, па луѓето кои имаат проблеми со работата на оваа жлезда не би требало да консумираат овие продукти во големи количини. Исто така, луѓето кои јадат само сурова храна се повеќе загрозени од недостиг на витамин Б12, железо, цинк и калциум, што доведува до анемија и затоа овој начин на исхрана не се препорачува кај постарите луѓе, бремените жени, доилките и децата.
Во секој случај, пред да одлучите да направите радикални промени во режимот на исхрана, прво контактирајте со вашиот лекар и нутриционист и направете детални консултации за вашето здравје.

 

Треба да знаете
Последни објави