14 невработени лица ќе бидат ангажирани за општо-корисна работа во Бутел

14 невработени лица ќе бидат ангажирани за општо-корисна работа во БутелОпштина Бутел почна со активностите за реализација на проектот од Програмата за општинско корисна работа, кој финансиски е подржан од УНДП, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Центарот за вработување.

„Oваа програма прв пат се реализира во општина Бутел, а во неа се ангажираат 14 невработени лица во социјалната и образовна сфера, од кои 3 образовни асистенти и 11 лични асистенти, кои ќе се грижат за 14 деца од училишна возраст со посебни потреби, за да им пружат помош во образовниот процес“,  истакна градоначалникот Велимир Смилевски.

Од општината велат дека лицата ќе бидат ангажирани до крајот на учебната година, а за својот ангажман ќе добиваат соодветен надомест.

Треба да знаете
Последни објави