По налог на Кривичниот суд, МВР издаде потерница по поранешниот премиер Никола Груевски. Министерството за внатрешни работи потврди дека Основниот суд Скопје 1 издал наредба за приведување на Груевски и побарал издавање на потерница. Од министерството информираат дека постапуваат по добиената судска наредба.
“Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата”, соопшти МВР по серијата прашања денеска каде е осудениот Груевски четири дена.
Оној момент кога ќе го најде, МВР присилно ќе го спроведе во затворот Шутка.
Од Основен суд Скопје 1 не ја потврдуваат информацијата на МВР, со образложение дека остануваат на денешното соопштение во кое информираат дека судот направил обиди да го најде Груевски, но не успеале да го најдата и да му го дадат решението. Од Судот се на став дека доколку доставата не се комплетира, судијата за извршување снакции може да презме дополнителни мерки согласно Законот за Извршување санкции.