Момче не може да оди, па секој ден ползи за на училиште

Момче не може да оди, па секој ден ползи за на училиште

Мохибулах не може да оди, а неговите родители не можат да си дозволат да му купат количка. Но, тоа не го спречува ова деветгодишно момче во авганистанската провинција Урузган да ползи секој ден до училиштето, во кое што е решен да оди, без оглед на се, пишува Радио Слободна Европа.

Неговото семејство не може да си дозволи да му купи количка или да му пружи медицинска нега, но деветгодишниот Мохибулах е решен да пристигне навреме на училиште секој ден.

Неговиот учител, Мухамед Шариф, вели дека ако имал медицинска помош или инвалидска количка, би било полесно да оди на училиште.

,,Покрај проблемите со нозете, тој има и некои психолошки нарушувања. Соодветен третман му е од голема помош. Многу го сака училиштето”.

Семејството на Мохибулах во провинцијата Урузган било нападнато од Талибанците за време на судирите со војската. Тие морале да се преселат во друг град но тешко успеваат да ги прехранат четирите деца.

Мајката на Мохибулах се грижи за неговите помлади браќа и сестри , а неговиот татко оди на работа секој ден и не може да му помогне да дојде на училиште.

Треба да знаете
Последни објави