Ревизијата на Уставот го прави полош и онака штетниот Договор од Преспа и го прекршува на три начини, смета Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија.
Кумуцакос вели дека грчката Влада треба да заземе став пред да се заврши уставната ревизија кај нас, јави дописиничката на МИА од Атина.
„Ревизијата на Уставот на Скопје го прави уште полош веќе штетниот Договор од Преспа. Го прекршува на три начини: Го задржува иредентизмот, експлицитно се однесува на “македонска држава” и прво бара Грција да го ратификува Договорот од Преспа и интеграцијата на Скопје во НАТО, а потоа да стапи во сила ревизијата, вели Кумуцакос.“