Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување на претседател на Собранието

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување на претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, пронајдена е Вибер комуникација во која тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на 26 април 2017, ден пред „крвавиот четврток“ му препратува порака на Вељаноски која ја добил од тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, во која го известува дека добил информација од локален колега Албанец дека се спрема изгласување на претседател на Собранието.

„Од Чавков: Добро утро директор, да ве известам во моментов добив инфо од лојален колега Албанец дека денес околу 13:30 се планира нешто од другава страна да се направи во Собрание, дали инцидент дали со сила изгласување претседател или нешто слично. Немам поконкретни информации ако имам ќе ве барам“, му пишува Груевски на Вељаноски пренесувајќи му ја пораката од Чавков, кој е еден од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април минатата година.

На денешното рочиште за 27 април се читаат СМС и Вибер пораки од мобилниот телефон на Вељаноски.

Треба да знаете
Последни објави